СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат еден ѕид добро да направат

Од:

„Граѓаните секојдневно на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Последниот пример со кој одновно исплива на виделина нивната неспособност е потпорниот ѕид кој се урна во населба Пинтија“, велат од СДСМ.

„Додека потрошија над 600 милиони евра за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде побитни биле провизиите отколку квалитетот.

Показател за тоа е и потпорниот ѕид кој се урна завчера и чиста среќа е што нема човечки жртви.

Одговорност мора да има за овој пропуст и од изведувачот и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски е ист како Данела Арсовска, освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци и седум месеци ништо не сработи за граѓаните и општината.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најнеуспешните градоначалници и најголемо разочарување за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО