СДСМ: Градиме едно општетсво, без поделби по каква било основа

Од:

Го пренасочуваме фокусот од етнички тензии кон реалните разлики помеѓу богатите и осиромашените граѓани. Во мнозинството осиромаши граѓани се сите и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власите, и Роми, и Бошњаци, и други кои живеат во нашата држава, велат од СДСМ.

Со политики насочени кон баланс на т.н. социјални тензии ќе ја вратиме средната класа и ќе обезбедиме економски стабилно општетство за сите граѓани.

Македонија е традиционално богато мултикултурно опшество. Ова е вистинско културно богатство, не е хендикеп и ние така ќе го развиваме.

Актуелната власт ги користи етнички разлики како инструмент за политичка борба.
Стимулираат раздор и поделеност, наместо толеранција и доверба за да ја маскираат нефер распределбата на доходот.
Тема секогаш да биде национализмот, а не животиот стандард на граѓаните којшто вртоглаво паѓа.

Петтиот столб на Визијата за Македонија, Градиме едно општество, става крај на ваквите политики.

Градиме едно општество, без поделби поделби, без дискриминација по каква било основа!

Денеска во 19 часот во Крушево ќе се одржи дебата на тема Градиме едно општество, на којашто визијата на СДСМ ќе ја споделат со вас членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Атанасов и Едмонд Адеми, претседателот на Комисијата за култура, Роберт Алаѓозовски и претседателот на Комисијата за локална самоуправа Дејан Павлески.

Потоа ќе отвориме дебата на којашто ние ќе ги слушаме вашите визии. Ве покануваме да дојдете. Заедно можеме да изградиме едно општетство во Македонија за сите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“