СДСМ го започнува проектот „Работно лето“

Од:

„Македонија се движи во погрешна насока. Сите ние сме жртви на лошите политики кои ги спроведува оваа власт. Свесни сме дека владее песимизам, дека владее апатија, но ве уверувам: Има подобар начин! Македонија може и заслужува подобро. Затоа ве повикувам, охрабрете се, осмелете се, кренете го својот глас и придружете ни се. За нашата иднина се работи“ , вели Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.

За опозициската СДСМ, нема летен одмор, или слободни викенди. Од утре, сабота, започнува проектот „Работно лето“ на СДСМ под мотото „Крени глас за иднината“.

Целото раководство на партијата се сели во Струмица, но и во околните општини Василево, Босилово, Ново село и другите.Од утре раководството на СДСМ излегува на терен, директно меѓу народот, да ги слушне нивните проблеми, да ги слушне нивните предлози, но и да ги понуди нашите решенија.

Ќе бидат организирани средби со граѓани, на селските чешми, на градските плоштади, ќе се сретнат со земјоделци и селани, со студенти и работници. Ќе се сретнат со секој кој сака да го крене својот глас за иднината!

Во недела во 20 часот, ќе се одржи народниот собир во центарот на Струмица, каде и формално ќе биде кандидиран Зоран Заев за кандидат за градоначалник на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни