СДСМ го повлекува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг

Од:

Врз основа на член 70 став (3) од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија,
50-та точка од Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, поднесен од пратениците на СДСМ, е повлечен, информираат од партијата.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, беше предложен со цел граѓаните на Република Македонија да имаат увид и да добиваат вистинска и прецизна информација за висината на јавниот долг на државата.

На тој начин сметавме, велат од СДСМ, дека ќе се промени долгогодишната пракса на Владата за прикривање и манипулација со висината на јавниот долг и ќе се влијае на намалување и ограничување на рапидното внатрешно и надворешно задолжување кое се користи за финансирање на непродуктивните трошоци на Владата на Република Македонија.

Со оглед на фактот што Законот за јавен долг беше предложен на почетокот на месец декмври минатата година и имајќи во предвид дека Владата на Република Македонија, владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието на Република Македонија прибегнаа кон физичко и насилно отстранување на пратениците од опозицијата, а со цел, спротивно на Уставот на Република Македонија, Законот за Собрание и Деловникот на Собрание на Република Македонија, да го донесат Буџетот за 2013 година и Законите за задолжување, дебатата по овој закон во овој момент станува беспредметна, стои во соопштението.

Од тие причини предложениот Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг го повлекуваме, завршува соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа