СДСМ: Го осудуваме инцидентот за кој соопшти Милошоски, МВР брзо да го расветли

Од:

Од СДСМ го осудуваат инцидентот за кој што соопшти Антонијо Милошоски преку неговиот Фејсбук профил дека била поставена бомба во куќата на неговите родители.

„Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на Антонијо Милошоски. МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети.

Дестабилизацијата во државата мотивирана и креирана од Груевски и соработниците мора веднаш да престане, бидејќи таа не носи ништо добро за никого.

Доаѓа одговорна Влада што ќе се грижи за сите граѓани, независно од нивната политичка етничка и друга припадност наместо како досега да се поттикнува насилство омраза и нетрпеливост како што прави раководството на ВМРО-ДПМНЕ во обид да разгори тензии меѓу граѓаните.

Затоа е важно веднаш да се формира новата Влада што носи правда и живот за сите во Р.Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски