СДСМ го критикува владиниот избор за амбасадор во Србија

Од:

Опозициската СДСМ денеска оцени дека предлогот Вера Јовановска Типко да биде именувана за амбасадор на Македонија во Белград е погрешен потег на македонската дипломатија и ја обвини Владата дека ангажира нестручни лица да ја претставуваат државата.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес-конференција рече дека Владата побарала агреман Вера Јовановска Типко поранешен советник на премиерот Никола Груевски, да биде амбасадор во Србија. Тоа, оцени, е скандалозен потег затоа што Јовановска е невропсихијатар и сопственик на терапевтски центар, без ниту еден ден искуство во дипломатска сфера.

– Со какви знаења и искуство ќе настапи невропсихијатарот и каква сериозност ќе покаже Република Македонија во надворешно политичките и дипломатски односи, праша портпаролот на СДСМ.

На вакви значајни функции, додаде, кои се всушност лицето на државата треба да се праќаат стручни кадри, а не партиски или приватни консултанти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ