СДСМ Ѓорче Петров: Немаше кавги – оти немаше ни состанок

Од:

После пишувањата, всушност преобјавување на еден текст, во голем број медиуми кои никогаш не ја критикуваат власта дека имало кавги вчера на состанок на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Ѓорче Петров, локалните сдсмовци ги демантираат како голема лага и тешка измислица ваквите шпекулации.

„Целокупниот текст е всушност една голема лага и тешка измислица.
Ова наше тврдење се темели на следните факти:

1. На 27.05.2014 – вторник, не е одржан состанок во ОО СДСМ Ѓорче Петров;

2. Во ОО СДСМ Ѓорче Петров, никогаш немало состанок, a на кој имало жестоки караници помеѓу членството, дали да останел Претседателот Заев или пак да се врател поранешниот Претседател Бранко Црвенковски;

3. Во ОО СДСМ Ѓорче Петров, никогаш немало состанок, на кој кандидатот за пратеник Љубица Буралиева барала од раководството на ОО да и се вратат некакви пари“, се вели во реакцијата од ОО на СДСМ – Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски