СДСМ: Ги зголемуваме стипендиите и воведуваме нови, продолжуваме со вистинска грижа за младинскиот стандард

Од:

„Стипендиите на учениците и студентите сериозно се зголемуваат и се воведуваат нови како резултат на исполнување на долгогодишните заложби за унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард“, соопштува СДСМ.

„Во таа насока, во делот на ученички стипендии за средношколците, од новата учебна година ќе се доделуваат 14 различни категории на стипендии и сите ќе бидат во износ од 3.500 денари. Тоа е двојно зголемување споредено со периодот од пред само две до три години.

Стипендиите за студентите ќе се доделуваат во 11 категории, каде најбројни се стипендиите за социјална поддршка на студенти и за студенти со висок просечен успех.

Износите се изедначуваат за 9 категории и ќе изнесуваат 6.050 денари месечно, што е сериозно зголемување имајќи предвид дека тие досега се движеа од 3.300, 4.000 до 4.400 денари месечно, а сега се зголемуваат и изедначуваат на 6.050 денари.

Стипендиите кои се доделуваат на студенти запишани на програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.

За првпат по повеќе од една деценија се враќаат стипендиите за постдипломски студии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари.

Ова е пример за вистинска грижа за младите од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Како одговорна социјалдемократска партија остануваме посветени на креирање мерки и политики кои го унапредуваат младинскиот стандард.

Младите се нашата иднина и влогот во нив е влог во развој на нашето општество“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“