СДСМ: Ги зголемивме платите во образованието за 36% во споредба со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ ги зголеми платите во образованието за 36% во споредба со ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ на дело покажува вистинска грижа за наставниците и образованието. За само пет години платите на вработените во основното и во средното образование се зголемени за 36 проценти, во споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиската реакција од СДСМ.

„Од 2017 година платата на околу 32.500 вработени во основното и во средното образование, од кои околу 25.000 се наставници се зголеми за повеќе од една третина. Само со последното зголемување од септември годинава нивните плати се покачени за 15 отсто.

Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.За споредба, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за 11 години, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги уценуваше и понижуваше наставниците, СДСМ го вреднува нивниот труд и им го враќа достоинството“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни