СДСМ ги поздрави наодите од ОБСЕ/ОДИХР

Од:

Ги поздравуваме наодите од набљудувањето на изборниот процес во Република Македонија од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, велат од СДСМ.

Оценките на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, содржани во Извештајот се совпаѓаат со забелешките на СДСМ и ставот дека на изборите не се овозможени услови за елементарен демократски изборен процес.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР потврди дека за време на претседателските и парламентарните избори 2014 година:

владејачката партија не прави разграничување на државните и партиските активности
власта не обезбеди услови за рамноправен натпревар на сите политички партии
нема подеднаква медиумска застапеност и дека повеќето медиуми се пристрасни кон власта дека постои заплашување и притисок врз граѓаните.

Ова упатува дека е неопходно формирање на техничка влада која ќе овозможи спроведување на нормални, фер и демократски претседателски и парламентарни избори во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО