СДСМ ги повика владите на Косово и на Македонија веднаш да се смират

Од:

СДСМ ги повикува владите на Република Косово и Република Македонија да престанат со политиката на инаетење и меѓусебни провокации и да преземат итни мерки за надминување на трговската блокада што сериозно ги загрозува односите меѓу двете земји.

„Ја повикуваме Владата на Република Косово веднаш да ја укине одлуката за забрана на увоз на одредени производи, што претставува еден вид трговско ембарго кон Република Македонија. Ја повикуваме Владата на Република Македонија веднаш да ја укине одлуката за дополнителни давачки за граѓаните и превозниците од Косово при влез во Македонија.

Притоа, бараме од владите на двете земји да ги почитуваат меѓународните конвенции и договори за непречено движење и размена на луѓе, стока и капитал помеѓу државите“, соопшти СДСМ.

Опозициската партија потенцира дека владите на Република Косово и Република Македонија имаат обврска да постапуваат и да носат одлуки исклучиво во насока на градење блиски и пријателски односи меѓу граѓаните и интензивирање на соработката на бизнис заедницата на двете земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО