СДСМ: Ги отвораме евро-атлантските перспективи што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа

Од:

„Европските перспективи за Македонија и нејзините граѓани ги отвора новата реформска Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев којашто посветено и напорно започна да работи на деблокада на евро-аталнтските интеграции кои беа закочени од неразумните политики на пронашената режимска власт на Никола Груевски.

Отвореноста и транспарентноста на институцијата Влада, којашто им припаѓа на граѓаните се меѓу првите демократски придобивки коишто граѓаните веќе ги чувствуваат.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ им должат објаснување на граѓаните на Р.Македонија за која цел и за чии интереси 11 години ја уназадуваа земјата во евро-аталнтските интеграциски процеси и со тоа ја оддалечуваа од цивилизираниот демократски свет.

Со тоа Груевски изврши удар врз државните, национални и граѓански интереси.

Стратешка цел на Р.Македонија е влез во ЕУ и НАТО, а Груевски 11 години го оневозможуваше и кочеше овој процес од клучен интерес за граѓаните и државата.

Затоа,чесните членови, активисти и политичари во ВМРО ДПМНЕ треба да се оградат од криминалните политики на Никола Груевски кои ја уназадија Македонија, ги заробија институциите и ги осиромашија граѓаните. Неопдходно е ВМРО ДПМНЕ да работи како конструктивна опозиција водена од демократски принципи и активно да ги поддржи демократските реформски процеси за доброто и иднината на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните