СДСМ: Ги креираме најдобрите решенија за секоја општина

Од:

СДСМ информираше дека продолжуваат средбите со граѓаните, за да се презентираат проектите кои се реализирани и да се чујат барањата и идеите.

„Ги креираме најдобрите решенија за секоја општина, СДСМ продолжува со интензивните маалски средби со граѓаните. СДСМ продолжува со теренски активности со маалски и урбани средби во општините низ државата. Синоќа пратеничките на СДСМ Емилија Рамбабова, Жаклина Лазаревска, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска беа со граѓаните на Лозово, Маворво -Ростуше, Ѓорче Петров и Вевчани. Додека претседателот на Комисијата за земјоделство на СДСМ Зоран Атанасов беше на маалска средба во Новаци, а Горан Козаров и Кети Василевска беа со жителите на Демир Хисар и Врапчиште. Тие пред граѓаните ги презентираа проектите и мерките кои досега ги реализиравме но и ги слушаа барањата и идеите на граѓаните, со цел да ги следиме нивните потреби кои ќе ги преточиме и во конкретни програмски решенија“, пишува во соопштението на СДСМ.

„Така ја создаваме најдобрата понуда за секоја општина за секој град. СДСМ останува со граѓаните, отчетно, транспарентно и инклузивно.Граѓаните тоа го препознаваат и затоа даваат поддршка на концептот што води напред, концептот што носи резултати. Затоа СДСМ и на претстојните локални избори е убедлив фаворит, затоа што го има најдоброто за секоја општина“, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски