СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Од:

Колку ниско е спремно да падне ВМРО-ДПМНЕ во обид по секоја цена да ја одбрани в.д. директорката штитејќи ги криминалните шеми во Еразмус+? Со оглед на лагите пласирани од партиската говорница одговорот е премногу. Дури и градоначалникот на Квадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев јавно ја демантираше сопствената партија. Проектот за којшто зборува ВМРО-ДПМНЕ воопшто не бил за тренирање магариња, туку за практична обука и обука на ученици и наставници во земја членка на ЕУ, за стекнување вештини и поттикнување претприемашки капацитети, меѓу што и производство на сирење, велат од СДСМ.

„Во белата палата никако да научат дека не можат да го оттргнат вниманието на јавноста од злоупотребите поврзани со распределба на проекти преку „Еразмус+“ кои водат директно до ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот на ОЛАФ, доставен до Јавното обвинителство, јасно утврдува основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, во кои се инволвирани повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и уште пет земји-членки на Европската унија.

Дополнително, отворени се сериозни сомнежи околу тоа како биле распределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година, токму во време кога Ана Михајлов и нејзината кумашинка биле евалуаторки во Агенцијата.

Неопходно е да се истражат и наводите за улогата на првиот директор Бошко Нелкоски – ментор на актуелната в.д. директорка. И најважното: во чии џебови завршија милионите евра европски пари?
Јасно е како ден дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад заштитата на овие милионски криминални шеми во Еразмус+. Затоа, Јавното обвинителство мора да постапи веднаш – сите одговорни за овој скандал да бидат изнесени пред правдата и да понесат соодветна одговорност, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница