СДСМ: Фирмите на семејството Заеви се под постојана контрола на власта

Од:

„Фирмите на семејството Заеви се под постојана контрола на власта. Јасен и чист е начинот на коишто тие работат и тоа е кристално јасно и за институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавно и транспарентно е и финансирањето на СДСМ, коешто е под анализа исто така на институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, наместо да прави филмови преку медиумите под контрола, е должна да и ја објасни реалноста на јавноста:

-Од каде најде ВМРО-ДПМНЕ, според достапните пресметки, меѓу 15 и 30 милиони евра за новото партиско седиште?

-Од каде се парите за милионските партиски имоти низ Македонија?

-Кога мислат да ја затворат дупката од 3.500.000 евра што ја покажа финансискиот извештај за 2011 година, или ако ја затвориле, кога и од кои пари.

Постојат сериозни индиции за црни пари во финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа време кога тоа ќе биде предмет на работа на институциите што сега ги контролираат“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?