СДСМ: Фирмата „Де лукс“ ниту аплицирала, ниту добила тендер од општина Штип

Од:

„Системот за ширење лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно метастазира и на централно и на локално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и конструкции кои немаат врска со реалноста. Фактите говорат дека компанијата „Де лукс“ ДОО Штип ниту аплицирала, ниту добила тендер од Општина Штип додека градоначалник бил Благој Бочварски“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски е сериозно исплашено од извесниот пораз на предвремените локални озбори во Штип и затоа го прави единствено она што го знае – шири лажни вести и невистини.

Доделување тендери по роднински линии, преземање на цели бизниси од страна на „фамилијата“ беа одлика на 11 години режимско и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија и ден денес не може да излезе од таквата матрица, затоа се опозиција, затоа губат три изборни циклуси и затоа ќе изгубат и на локалните избори во Штип“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија