СДСМ: Фијаско се политиките на ДПМНЕ, наставниците бараат повисоки плати

Од:

Единствено фијаско се погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот во сите сфери. СДСМ без помпа и слободно излезе денес да ги поддржи наставниците кои бараат повисоки плати кои ги заслужуваат. Притисоците кои го прави ВМРО-ДПМНЕ и навредите кон оние кои се противат на лошите политики се одраз на стравот од оние кои се надеваа на праведност и почит – просветните работници. Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно, а наставниците ги понижија, велат од СДСМ.

„Иако им ветуваа поголеми плати на наставниците како опозиција, само што седнаа во фотелјите ја сменија плочата и сега велат нема пари. Тоа веќе не е фијаско туку се вика лажење! СДСМ 7 години ги покачуваше платите на наставниците дури и во ковид кризата и за време на енергетската криза. Секој септември се покачуваа платите на наставниците и кумулативно зголемувањето достигна 55%. Мицкоски и ДПМНЕ го погазија достоинството на наставниците кои се клучна алка за подобар образовен процес на идните генерации. Доста се правдате и лажете по прес конференции од белиот дворец, земете работете и покачете ги платите на наставниците“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните