ВМРО-ДПМНЕ: И Европа се увери во неработењето и неспособноста на власта на Заев

Од:

„СДСМ упорно се обидува да го прикрие фактот дека во нон пејперот на највлијателните европски земји се нотира неспособноста на оваа власт на СДСМ да спроведе суштински реформи. Впрочем СДСМ повторно се обидува да тврди нешто што и Европа го гледа, а тоа е растечката и сеприсутна корупција која владее. Повторно како и во случајот со “евро за Вицето“ СДСM сакапри очи да ја прави јавноста слепа, а при уши да ја прави глува. Тоа не поминува ниту во Македонија, не поминува ниту во Европа.

Овие забелешки содржани во нон пејперот беа содржани и во извештајот на ЕК, само СДСМ не сака да ги признае. Веќе на сите им е јасно дека реформите не се приоритет на овој картел на власт, туку приоритет им е да си тераат бизниси, да се богатат и да распродаваат државни и национални интереси, додека народот осиромашува, економијата тоне, а државата се раскрчмува.

И Европа се увери во неработењето и неспособноста на власта на Заев исто како што и граѓаните тоа го увидоа во периодот кој измина. Нема напредок во евроинтеграциите исто како што нема ниту 100 илјади денари плата за лекарите, како што нема 500 евра просечна плата, како што нема 500 километри нови автопати, како што нема напредок во здравството, образованието, земјоделството.

СДСМ и Заев бележат крах на секое поле и тоа мора да престане. Почетокот на крајот на оваа ненародна и неспособна власт ќе почне од големиот сенароден протест на 2 јуни пред Владата на Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место