СДСМ: Еве што останува од виртуелните фабрики на Никола Груевски

Од:

„Во виртуелниот свет на Никола Груевски, премиерот во заминување, ништо ново.

Фрлање лопати на виртуелни фабрики, виртуелни нови работни места, виртуелни странски инвеститори. Се е виртуелно само лагите на Груевски се реални и видливи.

На 01 февруари 2014 година Никола Груевски фрлаше лопати за камен-темелник на фабрика за печурки во близина на Свети Николе.

Груевски виртуелно најавуваше 450 нови работни места, холандска инвестиција и почеток на производство на печурки од септември 2014 година.

Денеска, речиси 2 години потоа, нема нова фабрика за печурки во Свети Николе и нема нови работни места.

Сликите во прилог потврдуваат дека на местотото каде што требаше да има фабрика денеска има недоврешен, нефункционален и недефиниран објект, без ѕидови.

Неотворената фабрика за печурки во Свети Николе е уште една потврда за виртуелните инвестиции со коишто Никола Груевски се расфрла пред избори.

После 10 години, граѓаните ги паметат и виртуелните 8 милијарди евра странски инвестиции коишто ги вети Груевски а никогаш не се реализираа. Најголемата виртуелна лага на Никола Груевски. Дополнително Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Трувју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб…

Единствени реални инвестиции на Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра со кожни седишта, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици тешки 630 илјади евра…

Цели 10 години Никола Груевски мислеше на бизнисот на фамилијата, на братучедот Мијалков и кумот Ставрески.

Корупцијата во изминатиот период однесе многу работни места и избрка многу инвеститори.

Веќе граѓаните немаат никакви очекувања од Никола Груевски. Единствено ја чекаат неговата оставка“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски