СДСМ: ЕУ и НАТО значат владеење по правила, ред и закон, дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа?

Од:

„На 40 денови до референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за иднината, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште немаат јасен став за едно од најважните прашања во историјата на независна Македонија.

Со исполнувањето на домашните обврски и реформи за членство од Македонија создаваме функционална држава во која владеат редот и законот. Со членствово на Македонија во ЕУ и НАТО влегуваме во сојузи кои функционираат според правила, ред, закон и прописи.

Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат односно немаат јасен став за референдумот, за најважното прашање за иднината на Македонија?

Граѓаните знаат дека придбивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалните и антидржавни практики што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината знаат дека влезот во ЕУ и НАТО нема алтернатива.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

А1он

(ВИДЕО) Шукова: Скопје без хартија дигитален град за сите

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Горан Наумовски

Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови, велат од СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Горан Наумовски