СДСМ: ЕЛЕМ нека одговори зошто поскапува струјата?

Од:

Без многу заобиколување ЕЛЕМ треба да одговори на многу едноставно прашање: каде се енергетските капацитети кои што ги ветуваше Никола Груевски во 2008-ма година, прашува СДСМ по соопштението од АД „Електрани на Македонија“.

„Ги нема, затоа што нови енергетски капацитети Никола Груевски нема изградено. Нејасно е што сака да демантира ЕЛЕМ во соопштението. Факт е дека Македонија го има намалено годишното производството на електрична енергија за 7,5 отсто. Факт е дека годишниот увоз на електрична енергија е зголемен за 60 отсто“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Партијата бара одговор за тоа – ако не е точно дека расте увозот и опаѓа производството на струја, и како што вели ЕЛЕМ, сè е во ред и со овие прашања и со инвестициите, зошто тогаш поскапува струјата за граѓаните?

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана