СДСМ: Еднаквоста пред законите е национален интерес, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да соберат храброст и да се соочат со правдата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Никола Груевски.

„Граѓаните имаа можност да го чујат, видат и почуствуваат криминалното и антидржавничко владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога преку криминал, корупција, насилство, притисоци и сеење омраза и поделби, ракововодството на ВМРО-ДПМНЕ криминално се богатше на сметка на осиромашените и угнетени граѓани.

Денес, кога се соочени со одговорноста за направените дела, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку лаги, конструкции и манипулации се обидуваат да избегнат одговорност за се она што го сториле.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да бегаат од правдата, да се ставаат над законите и правниот поредок и мора да соберат храброст да се соочат со одговорноста за направените штети врз граѓаните и државата. Сите, па вклучително и Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мора да одговораат за своите постапки пред независен и професионален судски систем. Пред правдата сите мора да бидат еднакви и тоа важи и за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ.

Врвен национален интерес за сите граѓани е враќање на правдата и правниот поредок во државата. Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднкаво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било друга определба“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните