СДСМ: Една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и општините ништо не презема за загадениот воздух

Од:

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и во општините и покрај алармантната ситуација со загадениот воздух не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните. Скопје деновиве е меѓу градовите со најзагаден воздух на светот, иако ВМРО-ДПМНЕ во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем“, соопшти СДСМ.

„Се што прават локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година не е спречување, туку поттикнување на загадувањето.

Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба.

Трикратно ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на набавката на инвертори од страна на физички лица.

Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови.

Центарот на Скопје и многу урбани населби се преплавени со смет.

Ова е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која се интересира само провизиите и рацете во медот, но не и за интересите и потребите на Скопјани.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски