СДСМ: Единствените вооружени групи на 27 април беа оние што влегоа во Собранието

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствените вооружени групи за време на случувањата од 27 април, беа насилниците кои упаднаа во Собранието со цел да повредат и убијат пратеници, новинари, полицајци и вработени во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште должат одговори пред граѓаните, каква била улогата на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во насилствата од крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието.

Надлежните институции отворија истрага за насилствата од 27 април и ВМРО-ДПМНЕ мора да го остави Јавното обвинителство до крај да го расветли овој инцидент, а сите оние кои биле извршители, нарачатели или помагачи во насилниот упад во Собранието, да се соочат со одговорност согласно законите на Република Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски