СДСМ: Единствената агенда на Мицкоски е амнестија на неговиот ментор Груевски

Од:

„Единствената политичка агенда на антизападниот пион Христијан Мицкоски е амнестија на неговиот ментор и носител на криминалот и режимот, Никола Груевски.

Тоа вчеравечер го потврди и самиот Мицкоски кога се обидуваше со истите тези на Груевски да го одбрани криминалот на неговиот ментор.

Антизападниот Мицкоски призна за средбите со својот ментор Груевски и разговорите на заедничка тема – иднината на Никола Груевски.

Со тоа, Мицкоски уште еднаш покажа дека за него и за антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ иднината на Груевски е побитна отколку иднината на Македонија и нејзините граѓани.

Судбината на Груевски е иднината на Мицкоски.

Затоа Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ работат против интеграција во ЕУ и НАТО.

Таквите признанијана на Мицкоски се дополнителна причина за преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат поразената матрица на Груевски и да ги поддржат процесите во Собранието што водат кон ЕУ и НАТО.

На актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на пионот Мицкоски треба да им е јасно дека не можат да ги одбранат криминалите на Груевски“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО