СДСМ: Извршената правда врз поранешниот шеф на УБК е директен пораз за остатоците на режимот

Од:

„Пропаднаа обвинувањата, лагите и спиновите кои доаѓаа од белиот дворец, за наводни договори со власта за бегството на Сашо Мијалков.

Единствена вистина е договор помеѓу Мицкоски и Мијалков, аминуван од осудениот криминалец, Никола Груевски, за спас на криминалното ВМРО-ДПМНЕ“, велат СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ води грчевита борба за опстанок кога во државата се создаваат услови за правда.

Граѓаните точно знаат дека бегството на Мијалков најмногу им одговараше на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Извршената правда врз поранешниот шеф на УБК, е директен пораз за остатоците на режимот, за Христијан Мицкоски и врвот на партијата, како единствени кои се на браникот на криминалот и кои работат против правдата и владеење на правото.

Затоа се казнети од граѓаните и од правдата и уште долго ќе останат во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија