СДСМ е против екстерно тестирање на студентите

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија категорично се спротивставува на, како што вели, безобразниот потег на Министерството за образование да воведе екстерно тестирање и за студентите.

„Бараме итно повлекување на оваа најнова дрскост на власта! Груевски и соработниците немаат право да запечатуваат ничија судбина според нивното партиско мерило на вредности. Во оваа држава постои Устав што ги гарантира основните човекови права, а едно од нив е правото на образование. Во оваа држава постојат професори на кои им е работа да оценуваат. Никој нема право, ако е премиер или министер, и посебно не ако е избран на криминален начин, да се стави над граѓаните на Република Македонија“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни