СДСМ: Џабе повикува Груевски, фантоми може се пријават во ДИК само во неговата глава

Од:

Уплав го има фатено Никола Груевски. Од неговите десетици илјади фантоми. Од 172.000 граѓани од кои живеат во странство, чиишто глас досега бил жртва на неговите фалсификатори, а сега ќе бидат ставени во посебен извод од списокот. Од помислата дека се ближат регуларни избори.

Тоа го покажува и денешниот повик со којшто излезе Груевски преку верната послушничка Рангелова, граѓаните да излезеле и да се пријавеле дека не се спорни.

Фантоми може да се пријават во ДИК само во главата на Никола Груевски.

Најголемата болка на Груевски е што се потврди она што СДСМ постојано го говореше, дека во Македонија нема повеќе од околу 1.500.000 гласачи, според податоци од ДИК!

Граѓаните знаат, затоа се сите шпекулации, лаги и манипулации на Груевски и соработниците околу Избирачкиот список преку париските телевизии.

Граѓаните знаат и дека дали некој треба да се наоѓа на Изборачкиот список или не, не е прашање ниту на политички, ниту на национална припадност, туку прашање на законитост што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повеќе не можат да го спречат.

Над 39.000 граѓани кои според проверките на ДИК се спорни се ставени на проверка.

Над 172.000 граѓани согласно методологиите за проверка на Избирачкиот список, едногласно од страна на сите членови на ДИК, се ставени во посебниот извод на списокот.

Во Македонија ќе има регуларни избори на коишто граѓаните ќе се ослободат од деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат одговорна Влада предводена од СДСМ којашто ќе се грижи за луѓето и за интересите на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски