СДСМ: Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од „кошничката“ кога трговците ги зголемија цените

Од:

Цените во маркетите растат а граѓаните живеат се потешко. Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од т.н. „новогодишна кошничка“ кога трговците веќе ги зголемија цените на овие производи. Политиките на власта со „кошнички“ се промашени и немаат никаков ефект. Измамата со кошничките граѓаните ја гледаат секој ден во маркетите каде што цените се зголемени, велат од СДСМ.

„Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажуваат поголема инфлација за 4,3% во месец ноември и зголемување на цените на мало за 3,5%. Високите цени и инфлацијата ги јадат семејните буџети, граѓаните имаат се помалку пари а тоа води кон поголема сиромаштија. Лошите политики на Мицкоски удираат директно по џебот на народот. Наместо лаги и манипулации власта треба да почне нешто да работи за заштита на стандардот на граѓаните и да ги прифати издржаните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?