СДСМ: Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска

Од:

„Како одговорна партија чии носители на листи се поборници за слободата на говор, демократските придобивки би сакале да ја информираме јавноста и медиумите за постојаното назадно однесување на дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено:

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 5 Радмила Шекеринска“, велат од СДСМ.

„Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно влегување во Собранието и физички напад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови.

Бегството од соочување е потценување на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Крушево и другите општини во ИЕ 5 кои Дурловски сака да ги претставува.

Со откажувањето на учество во дебати Дурловски покажува и како ја сфаќа демократијата и односот кон граѓаните и медиумите. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое може да ги обнови само стравот, насилството и медиумскиот молк“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски