СДСМ: Државничка одлука, ДА за членство во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик

Од:

„Собранието донесе државничка одлука, со усвојувањето на Заклучоците се обезбедува почеток на преговорите со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност“, соопшти СДСМ.

„Македонци кои говорат македонски јазик и билатерални и историски прашања надвор од процесот на преговри, така ги започнуваме и повеќе од заслужените преговори за членство во ЕУ.

Со тоа, отвораме нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните, од овде, и од денес па натаму, одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик.

Иднината на државата е обезбедена и таа е европска, со потврден, заштитен македонски јазик и идентитет со сите нишани.

Продолжуваме по европскиот пат како наша стратешка државна цел поставена уште од денот на независноста“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски