СДСМ: Државата помага на сите погодени од кризата, секој граѓанин е важен!

Од:

„Влегуваме во фаза која според експертите е оценета како критична, но и клучна фаза во борбата против коронавирусот во нашата држава.

Со оглед на тоа дека пред нас е периодот во кој се очекува пикот на ширење на вирусот, оттука и нужноста од уште поголема одговорност од сите нас, во насока на заштита на нашето здравје и целосно почитување на мерките и задолженијата од институциите.

Во таа насока се и засилените мерки на Владата како забраната за движење на граѓаните од 16 до 5 часот следниот ден и целосна забрана за движење за време на викендите“, велат од СДСМ.

„Истовремено, додека се бориме со здравствените предизвици, се справуваме и со негативните економски последици од коронавирусот.

Државата обезбеди пакет економски мерки од 200 милиони евра, помош која опфаќа 250.000 вработени и 35.000 компании. За секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, плата од 14.500 денари плата.

Со цел полесно справување со кризата за граѓаните се обезбеди одложување на наплата на кредити, стопирање на извршителските дејности,но и кратење на непродуктивни трошоци, и намалување на платите на избраните и именувани функционери.

Мерките и политиките на СДСМ во изминатите две и пол години беа насочени кон создадавање на систем кој работи за граѓаните. Во духот на солидарноста, државата излегува во пресрет на сите погодени од кризата.

Затоа што само заедно, солидарно и одговорно можеме да победиме во борбата со коронавирусот и неговите последици.

Продолжуваме да се грижиме за нашето здравје, здравјето на сите граѓани и меѓусебно да си помагаме. Затоа што сите граѓани се важни!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов