СДСМ: Државата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на терен

Од:

Државата гори. Владата на Мицкоски потфрла и покажува голема неспособност да се справи со пожарите кои беснеат. Гори на повеќе локации во земјава, огромна површина е веќе изгорена, над 130 километри квадратни. Страшно. Катастрофата е од преголеми размери, велат од СДСМ.

„Горат дури и куќи, домови, шума, зеленило, има и човечка жртва. Состојбата е алармантна и загрижувачка. Она што СДСМ со денови предупредуваше за жал се случува. На терен се забележува крајно лоша координација на надлежните институции. Граѓаните реагираат за ненавремена и спора реакција.

Се повторува истото однесување поради кое изгоре цела планина Серта. Особено е лоша координацијата на воздухопловите, се касни за нивно вклучување со часови.
Тошковски покажува неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Ваков несоодветен однос на Владата на Мицкоски и нивното лежерно постапување е запрепастувачки неодговорно. Тоа мора да прекине. Бараме итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи. Мицкоски да се нацрта на терен, да направи нов кризен штаб кој и да преземе нешто во соодветно постапување и координацина на институциите под негова надлежност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски