СДСМ: ДПМНЕ за фирмите на Заеви ги вади истите документи пред секој изборен циклус

Од:

Во Струмица, каде што градоначалник е Зоран Заев, тендери се добиваат низ законска постапка, и ги добиваат оние што понудиле најниски услови на пазарот, факт што јавно го потврди и фирмата „АЛ-МАКС“ во сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се истакнува во писмена реакција на СДСМ на денешната прес конференција на Иво Ивановски од ВМРО–ДПМНЕ.

– Нема поголема дрскост и понижување на граѓаните од поставувањето на првите братучеди и кумот за контролори и трошачи на парите на граѓаните, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ, за фирмите на Заеви ги вади истите документи со години наназад, пред секој изборен циклус.

Од СДСМ го повикуваат премиерот Груевски на телевизиско соочување со Зоран Заев на темата „чест и морал“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски