СДСМ: ДПМНЕ тендерска удри по џебот на граѓаните, во Прилеп поскапуваат градскиот превоз и сметките за вода и смет

Од:

„Во време на светска економска и енергетска криза, наместо помош кон граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Поради неспособноста на градоначалникот и директорите на општинските комунални претпријатија во Прилеп, поради масовната партизација на истите, во Прилеп сериозно поскапуваат сметките за вода и смет, како и јавниот превоз.

Советничката група на СДСМ повеќе од 11 часа се бореше за да го заштити стандардот на граѓаните, поденсувајќи 400 амандмани, но претседателот на Советот од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се исклучиво од партиски интереси сите ги отфрли.

Мнозинството на Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ не прифати ниту повлекување на спорните точки за зголемување на цените на комуналните услуги и на јавниот градски превоз.

Ете како ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, додека глумат загриженост за економската состојба, јавните претпријатија на локално ниво ги доведуваат до колапс, за после дополнително да им наштетат на граѓаните, воведувајќи поскапи давачки во време на криза.

По којанзае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за граѓаните, туку дејствува единствено за партиски и бизнис интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он