СДСМ: ДПМНЕ се светски прваци по немање став

Од:

Дека ДПМНЕ нема јасен и конзистентен став за ниту едно прашање граѓаните многу добро го знаат. За клучните државни, стратешки прашања немаат став. ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат но Мицкоски не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ. Немаат став. ДПМНЕ беше против Францускиот предлог а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став, се вели во реакција на СДСМ.

– ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став. ДПМНЕ спроведуваше активна блокада на Собранието за време на најголема светска енергетска криза. Немаа став зошто. Не само што се политички феномени, ДПМНЕ се светски прваци по немање став.

ДПМНЕ велеше дека прифаќаат учество во Влада со единствен услов без ДУИ, ете ги седат во Влада со ДУИ. ДПМНЕ предложи министри за учество во техничката Влада но пратениците на ДПМНЕ не ги гласаа во македонското Собрание, немаа став. ДПМНЕ велеше дека нема да учествува во техничка Влада, ете ги седнаа во Влада со премиер Талат Џафери. ДПМНЕ се светски прваци по немање став – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски