СДСМ: ДПМНЕ призна дека Груевски пред заминување ќе ги задолжи граѓаните со 500 милиони евра

Од:

ВМРО-ДПМНЕ призна дека Никола Груевски пред заминување сака да ги задолжи граѓаните со нови 500 милиони евра.

Кога веќе се повикуваат на ММФ и на Светска банка ВМРО-ДПМНЕ требаше да каже дека токму спроед Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до јануари 2015 година, вкупниот надворешен долг на Македонија изнесува 59.5% од БДП!

Граѓаните секој ден ги чувствуваат последиците од лошите политики на Никола Груевски. Доволно е само да погледнат во својот фрижидер или во својот џеб и да видат паднат стандард, економско уназадување, сиромаштија…

За тоа, колку е голем очајот и безнадежноста во Македонија покажува податокот на Светска банка дека во изминатите години од земјава се иселиле над 600 илјади граѓани, во најголем број млади.

Знае ли ВМРО-ДПМНЕ што зборува? Зарем иселувањето на младите го смета за „успешна“ политика?

Колку е „успешна“ политиката на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат и податоците дека за само неколку години најмалку 10.000 фирми се затворени во Македонија.

Според податоците на Народна банка секоја трета фирма во Република Македонија е со блокирана сметка. Во 2014 година над 21.000 фирми во Македонија имале блокирани сметки, што е 32% од вкупниот број на фирми во земјава.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не живее во реалноста. Граѓаните сакаат промени и тој факт ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го прифати, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“