СДСМ: ДПМНЕ неуспешно се обидува да го брани очигледниот страв на Никола Груевски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение неуспешно се обидува да го брани очигледниот страв на Никола Груевски, велат од СДСМ.

Да имаше барем нешто вистина во она што го тврди ВМРО-ДПМНЕ, дека железната ограда пред зградата на Владата наводно не бил најголемиот симбол на стравот на Никола Груевски, тие самите, јавно ќе побара оградата да биде извадена.

Фатен во лагите, криминалот и злоупотребите коишто ги правел изминатите девет и пол години, нема ограда што може да го спаси Никола Груевски.

Режимот на Никола Груевски ќе падне заедно со сите огради и ѕидови коишто ги создаде, и коишто ги делат, ги дискриминираат, ги омаловажуваат, ги навредуваат и осиромашуваат граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?