СДСМ: ДПМНЕ не може една амбасада да убеди, а не преговарачка рамка со ЕУ да промени

Од:

За само неколку дена од учеството на ДПМНЕ во техничката Влада на виделина излегоа сите нивни лаги заедно со нивната неспособност. ДПМНЕ до пред само неколку дена ги лажеше граѓаните дека ќе го реши проблемот со издавањето за пасошите, дека со закон ќе ја пролонгира нивната важност. Министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ, јавно изјави дека не успеал да ја убеди амбасадорката на соседна Грција. ДПМНЕ нема што да прави, не може да го реши проблемот со пасошите, велат од СДСМ.

– ДПМНЕ не може една амбасадорка да убеди, нешто да смени. Истите оние кои јавно велеа дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог. Ако една амбасадорка не можат да убедат од ДПМНЕ, како ќе убедат 27 земји членки на ЕУ да се смени преговарачка рамка? Секако никако.
Не само поради тоа што го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме. Туку затоа што преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ. ДПМНЕ едно зборува пред да влезе во Влада после друго – се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски