СДСМ: ДПМНЕ ја внесе програмата Кембриџ аматерски, на сила

Од:

Власта на ВМРО-ДПМНЕ ја внесе програмата Кембриџ аматерски, на сила, без потребните подготовки во образовниот систем, велат од СДСМ.

Според нив, За тоа говорат солзите на децата, нервозата на родителите и збунетоста на наставниците, како да бранат нешто за што биле обучувани само 2 дена.

За тоа говори и неопременоста на училиштата со помагала, што треба да им го олеснат на децата совладувањето на обемната материја.

Колку има да објасни власта околу најновиот Кембриџ експеримент, говори партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од цели две страници.

Образовните власти и должат објаснувања на незадоволната јавност којашто со право реагира на импровизациите во образованието.

СДСМ и натаму цврсто ќе се заложува за градење стабилен образовен систем и за проекти што ќе одговорат на реалните потреби на учениците, се вели во писмената реакција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски