СДСМ: ДПМНЕ да им се извини на граѓаните што ги излажа и ги доведе во заблуда за пасошите

Од:

ДПМНЕ да им се извини на граѓаните, што ги лажеше и ги доведе во заблуда дека за час ќе го реши проблемот со издавањето на пасошите. Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ Тошковски призна дека не може да го реши овој проблем, тврдат од СДСМ.

-ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши. Како влегоа во техничката Влада ништо не важи, нема ништо од најавите на ДПМНЕ. Одеднаш ништо од законот, одеднаш МВР работело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција. Ништо не се менува во ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски