СДСМ донесе одлука за распишување конкурс за ново раководство на 78 општински организации

Од:

По два часа на седницата на Централниот Одбор донесена е одлука за распишување конкурс за избор на нови претседатели на 78 општински организации на партијата, брифираат извори за А1ОН од СДСМ.

Ќе се распише конкурс на кој ќе се изберат нови претседатели на ново раководство на општинските организации. Со одлуката нема да бидат опфатени четири или пет поголеми општини каде што изборните резултати на претседателските избори покажале добри изборни резултати, информираат од СДСМ. Во моментот раководството е на пауза.

Во вториот дел од состанокот на ЦО ќе се расправа за кадровските промени во извршната власт со предлози за смена на министри и други функционери како дел од операцијата “Метла” што пред изборите ја најави премиерот Зоран Заев.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард