СДСМ: Донатори на ВМРО-ДПМНЕ проневериле 1,6 милиони евра во „Криминални парцели“

Од:

„Аферата „Криминални парцели“ во која се проневерени околу 1,6 милиони евра ја тресе ВМРО-ДПМНЕ. Последните информации објавени во медиумите покажуваат дека дел од осомничените во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, како и на кампањата на градоначалничката Данела Арсовска“, соопшти СДСМ.

„Христијан Мицкоски, како прв човек на оваа партија треба да одговори каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ и дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ?

Овие сомнежи се базираат на информациите кои излегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.

Меѓутоа, неоспорен факт е дека речиси сите осомничени и обвинети во оваа афера имаат поврзаност со ВРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Осомничениот Влатко Илиевски бил телохранител на Христијан Мицкоски и се појавува како донатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Орце Тодоровски е негов партнер во бизнисот со хидроцентралите. Една од неговите донации изнесува 1 милион денари или околу 16.000 евра.

Дарко Тодоровски бил поранешен советник во ВМРО-ДПМНЕ и се јавува како донатор на партијата. Еден од донаторите кој е и осомничен во оваа афера е Мирослав Митроски, син на екс градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Осомничениот Игор Гиевски е поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Во аферата „Криминални парцели“ направена е проневера на околу 1,6 милиони евра.

Клучно прашање е каде завршиле овие 1,6 милиони евра? Дали со нив е финансирана кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори или со нив бил спроведен поткуп?

Очекуваме истрагата да ги даде одговорите на овие прашања“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски