СДСМ: Договорот го гарантира македонскиот идентитет и ги отвора перспективите за членство во ЕУ и НАТО

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор, што од денеска е на увид и пред сите наши граѓани, ги штити врвните национални и државни интереси.

Нема дилеми – Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет. Никој повеќе да не го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

Нема дилеми – Договорот ги отвора перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, напредокот, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Нема дилеми – обврските на македонската и грчката страна се јасно дефинирани во Договорот кој што е во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното и домашното право и ќе биде ратификуван од двете страни.

Мицкоски да нема дилеми, тие се одамна затворени, граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он