СДСМ: Доаѓа живот! Ја враќаме евтината тарифа на струјата, за пониски сметки!

Од:

Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата. Ќе им овозможиме на граѓаните секој ден, и во текот на денот да имаат по два часа евтина тарифа на струјата. Ќе воведеме евтина викенд тарифа, со што евтината струја нема да биде достапна само во недела, како сега, туку во текот на целиот викенд.

Ова е само еден од начините со коишто ќе придонесеме кон намалување на сметките за струја.

Граѓаните сега се приморани преку целиот ден да користат скапа струја за дневните потреби, бидејки досегашната власт ја укина евтината тарифа. Во празничните денови, кога обемот на домашни активности е зголемен, драстично е зголемена и потрошувачката на струја. И овој јануари ќе биде тежок за најголем дел од граѓаните поради големите трошоци, а ниските примања.

Граѓаните знаат дека во изминатите 10 години сметките за струја се зголемија за рекордни 100 проценти, причина за тоа се криминалните политики на досегашната власт со коишто е зголемен скапиот увоз на струја во Македонија, за да се богатат поединци, а намалено е домашното производство на штета на сите други граѓани.

Мнозинството граѓани во Македонија затоа гласаа за промени.

Во Планот за живот во Македонија ние се обврзавме дека ќе ги подигнеме сите домашни енергетски капацитети, ТЕЦ Неготино, Чебрен и Галиште, ТЕЦ Осломеј, ќе обезбедиме сопствена механизација на РЕК Битола, со што ќе обезбедиме стабилен домашен енергетски систем. Ќе ги искористиме и природните енергенти со коишто е богата Македонија, сонцето, ветерот, водата. Со сето ова ќе го зголемиме домашното производство на струја и ќе ги намалиме потребите за увоз на струја. Ќе го воедеме гасот и како најефтин и еколошки енергенс, во целата држава. Со овие системски енергетски политики ќе влијаеме на помали трошоци за електрична енергија за граѓаните, домакинствата и за индустриите.

Затоа е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.

Доаѓа живот! Во 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“