СДСМ: Доаѓа слободно и европско Скопје и доаѓа слободна и Европска Македонија

Од:

„Овој празник не е симбол само на победата над фашизмот, туку и симбол на човековата слобода. На 13. ноември, денот на ослободувањето на Скопје од фашизмот, порачуваме:

СДСМ заедно со граѓаните ја враќа одземената слобода на граѓаните на Скопје и граѓаните на Македонија.

Тоа е веќе незапирлив процес. Пред 71 година борците од Народно ослободителната војна се изборија против фашизмот.

Децетици илјади луѓе го дадоа животот за слободна Македонија. Ниедна жртва никогаш нема да се заборави.

Со почит треба да се однесуваме кон овој дел од историјата на Макеоднија.

Оддаваме должна почит кон хероите од насветлите страници од историјата на Македонија: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, други.

Им се заблагодаруваме и им се придружуваме. Го породолживме нивното дело. Заедно со сите граѓани градиме единствена држава Република Македонија.

Граѓаните имаат право на слобода на избор. Имаат право на слобода на мисла.

Граѓаните сакаат да живеат во општество на еднакви граѓани. Граѓаните сакаат да живеат во Македонија со европски вредности.

Доаѓа слободно и европско Скопје и доаѓа слободна и Европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар