СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Од раката на народот нема да се скриете

Од:

Денеска, ДПМНЕ и челникот на режимот Груевски, покажаа дека нивниот партиски и бизнис – тендерашки интерес, е над државните интереси и вољата на народот. Велите – слушате ќе сме оделе во Варош. Господо, вие не слушате, туку државните институции прислушкуваат за вас. Државните институции кои вие ги узурпиравте ги свртивте против сопствениот народ. Но заборавивте, против народот никој не може! Од раката на народот нема да се скриете, велат од СДСМ во реакцијата!

И да, велат, вечер ќе одиме во Варош. Во истиот оној Варош, кој на претходните избори испорача голема казна за Груевски и за послушникот на неговиот режим, Марјан Ристески.
Да, ќе дојдеме во истиот оној Варош, каде Марјан Ристески не стапнал повеќе од година дена.
Во истиот оној Варош, каде освен неколку козметички зафати, ниту еден суштински проблем не е решен.

Во истиот оној Варош, кој половина од младите го напуштија во потрага по вработување и подобри услови за живот.

Во истиот оној Варош, во кој над 60 % од населението се сиромашни и невработени.
Наместо да се затскривате во партиските простории, вие поддржувачите на режимот, доколку имате храброст излезете и соочете се со варошани, вашите прес конференции држете ги на отворено пред варошани. Вие и самите знаете дека немате образ, да се појавите пред варошани.
Варошани секогаш знаеле да препознаат кога е времето за сериозни одлуки и патриотски чекори! Тоа вечерва ќе го покажат!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски