СДСМ: До кога Арсовска ќе крие каде завршија 220.000 евра народни пари за проекти од културата?

Од:

„Со недели Данела Арсовска и Град Скопје не објавуваат каде и за што се потрошени 220.000 евра од градскиот буџет наменети за Програмата за финансирање проекти од културата. Иако во членот 7 од Јавниот повик е наведено дека Град Скопје има обврска да ги објави добитниците на финансиски средства, тоа се уште не е направено“, соопштув СДСМ.

„Истовремено, здруженија и граѓани кои аплицирале реагираат дека добиле само штуро известување по електронска пошта дека проектите им се одбиваат.

Што крие Арсовска и зошто? Дали парите ги поделиле здруженија и поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ па затоа Арсовска молчи?

220.000 евра се сериозна сум на средства, граѓаните, јавноста имаат право да знаат каде и за кои проекти тие завршиле.

Арсовска да даде одговор пред скопјани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?