СДСМ: До 24. март има време за политички договор и за истовремени локални и парламентарни избори

Од:

„До 24 март, за кога претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ги распиша локалните избори, има многу време за да се постигне политички договор за прекин на кризата и за истовремено одржување локални и парламентарни избори, велат од СДСМ, по одлуката на Вењаноски, за распишување на локалните избори.

„Очигледно е дека Трајко Вељаноски овој пат добил наредба да ги почитува Уставот и законите. Согласно нашиот понуден план, доколку постои политичка волја кај режимот, до 24 март има доволно време да се постигне и реализира политички договор за да се одржат локални заедно со предвремени парламентарни избори. Сметаме дека тоа е единствениот начин да се спречи понатамошно продлабочување на политичката криза. Преку слободни, фер и демократски избори, граѓаните да изберат нов состав на законодавната и извршната власт, затоа што после “црниот понеделник“ актуелната гарнитура поради грубото газење на уставниот поредок и правната држава, нема легитимитет. Сепак, доколку се направи било каков обид да се организираат било какви нелегитимни избори, целокупната одговорност за понатамошното политичко дестабилизирање на земјата, ќе ја сноси режимот“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?