СДСМ: Директорката на училиштето во Ранковце не ја предава должноста

Од:

СДСМ денеска обвини дека директорката на основното училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Ранковце која е осудена за злоупотреба на службената положба, не дозволува да се направи примопредавање на должноста.

Градоначалникот на општина Ранковце, Момчило Алексовски на прес-конференција рече дека директорката Слаѓана Николовска од Основниот суд во Крива Паланка е прогласена за виновна за злоупотреба на службената положба и оти против неа се водат уште кривични постапки.

– Училишниот одбор не функционира, а Николовска не присуствува на седниците на Совет на општина Ранковце, ниту соработува со мене како градоначалник, рече Алексовски, додавајќи дека членови на ВМРО-ДПМНЕ вербално им се закануваат на вработени во општината и на нивните семејства.

Тој информира дека за случајот е известен училишниот одбор, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија